PharmaS е хрватски производител и дистрибутер на фармацевтски производи.
Работи од 2008 година и е една од компаниите членки на Групацијата ЛУРА. Покрај висококвалитетните фармацевтски производи и лекови на рецепт, палетата на PharmaS вклучува и различни марки на фармацевтски производи без рецепт. Три производствени погони со најсовремена фармацевтска опрема се лоцирани во Хрватска (Ракитје и Поповача) и во Србија во Зрењанин и обезбедуваат редовно снабдување на многу пазари со квалитетни производи.